Шпанската „фурија“ без милост и со рекорд – испорача „седмица“ во мрежата на Костарика (ВИДЕО)

Одличен старт на Мундијалот во Катар имаше селекцијата на Шпанија. И покрај тоа што многу беа оспорувани пред се поради изборот на фудбалери на Енрике, сепак, Шпанците одлично го почнаа шампионатот со победа од 7-0.

Победникот беше решен уште во првите 30 минути кога „фуријата“ имаше 3-0, а потоа во вториот дел само ја довршија работата и убедливо итаат кон првото место.

Олмо во 11. минута го отвори резултатот, за Асенсио по одлична акција во 21. минута да зголеми на 2-0. Феран Торес во 31. минута зголеми на 3-0 од пенал. 

Феран Торес својот втор гол го постигна во 54. минута зголемувајќи на 4-0, а Гави стана најмладиот стрелец во историјата на Шпанија со голот во 74. минута за 5-0. 

Карлос Солер во 90. минута за 6-0 за Шпанците, а во листата на стрелците во 93. минута се запиша и Алваро Мората за седми гол во мрежата на Навас. 

Се вчитува...