Што ќе кажат навивачите на Јунајтед? Семејството Глејзер издвојува 200 милиони за Кејн и Санчо

Навивачите на Манчестер Јунајтед незадоволсто од работата на семејството Глејзер со клубот го изразија преку жестоки протести кои започнаа на „Олд Трафорд“ поради кои беше одложено дербито против Ливерпул, а продолжија и низ самиот град.

Симпатизерите на „црвените ѓаволи“ упатија и барања до семејстовто на кои газдата на тимот немаше одговор, но целата приказна сега добива и навидум „среќен крај“ откако раководстовто на клубот се одлучи да го „одврзе ќесето“ и во летниот период на „Олд Трафорд“ да ги доведе Хари Кејн и Џејдон Санчо, пренесуваат англиските медиуми.

Капитенот на Тотенхем и англиската репрезентација е прва желба на Оле Гунар Солскјер. Кејн оваа сезона блеска на теренот и е најдобриот играч на лондонскиот состав со 31 гол и 16 асистенции, а ќе биде навистина тешко да остане на „Хотспур“ доколку Тотенхем не успее да обезбеди место во Лигата на Шампионите.

Овој трансфер се проценува на околку 100 милиони евра, а клубот е подготвен да издвои и 90 милиони за ангажманот на Џејдон Санчо. Англичанецот беше голема желба на „црвените ѓаволи“ и изминатото лето, но клубот не успеа да најде заеднички јазик со германскиот тим.

Се вчитува...