Сомнителен пенал за Франција – Бензема носи израмнување против Португалија (ВИДЕО)

Франција од сомнителен пенал доаѓа до израмнување против Португалија од 1-1 во натпревар од 3. коло во Ф групата на Европското првенство. По еден минимален контакт на Семедо над Мбапе главниот судија на мечот Матео Лахоз се одлучи да покаже на белата точка за „галските петли“.

Пеналот сигурно го реализираше Карим Бензема за реми на полувреме во реприза на финалето од последниот континентален собир.

Голот на Карим Бензема можете да го видите на следниот линк.

Се вчитува...