Српски бизнисмен донираше 12 милиони динари за Партизан

Иницијативата на навивачите на Партизан „Еден Партизан имаме“ доби досега најголема донација од 12 милиони динари, пренесуваат српските медиуми. За разлика од претходно кога највисоката донација остана анонимна, овој пат истата доаѓа од потпретседателот на КК Партизан и основач на компанијата „PSP-FARMAN Holding“, Бранислав Грујиќ.

Грујиќ е еден од најбогатите луѓе во Србија, познат претприемач кој е дипломиран машински инженер и говори четири странски јазици.

Како потсетување, иницијативата за започнаа навивачите на Партизан со цел да му помогнат на клубот да го подмири даночниот долг од 7.5 милиони евра.

Се вчитува...