„Судењето на Мундобаскетот е катастрофално… Многу е важно денот кога играш како се расположени“

Шпанскиот репрезентативец Алекс Абринес ги обвини судиите за поразот на неговиот тим и елиминацијата од Мундобаскетот.

Канадските кошаркари ја победија Шпанија со 88-85 во вториот натпревар од втората фаза на Мундобаскетот и ја елиминираа од турнирот. Светскиот трон остана празен, а Абринес знае кој е виновен.

„Судиите се тотоално разочарување. Има многу протагонисти на теренот, но судиите не смеат да бидат тоа. Ние сме главни актери, не тие. Не само вчера, туку во текот на целиот турнир, судиите носеа лоши одлуки. Не сакам да го кажам дека секогаш беа против нас, но тоа на крајот не е важно. Еден ден се оди во наша корист, другиот ден оди се против нас. Многу е важно пред мечот како ќе бидат расположени“, изјави Абринес.

Се вчитува...