Тиери Анри, нов тренер на Монтреал

Прославениот француски фудбалер Тиери Анри по неуспешната тренерска епизода во Монако, доби можност да биде шеф на стручниот штаб на Монтреал импакт, клубот кој се натпреварува во МЛС – лигата на САД. Анри во наредните две години ќе седи на клупата на Монтреал, со опција за продолжување на соработката и за уште една дополнителна сезона.

„Чест ми е што ќе бидам тренер на Монтреал импакт и се радувам што повторно се враќам во МЛС – лигата“, изјави Тиери Анри.

Клубот изрази задоволство од ангажманот на прославеното фудбалско име.

„Неверојатно сме среќни што можеме да го претставиме Тиери Анри, легендарното фудбалско име, како нов тренер на тимот“, изјави претседателот на Монтреал импакт, Кевин Гилмор.

Тиери Анри четири години од фудбалската кариера, периодот од 2010 до 2014 година, го мина во Њујорк ред бул, клубот од МЛС-лигата на САД.

 

Се вчитува...