Усик може да остане без титулата во ВБО

Светскиот шампион во тешка категорија, Олександр Усик би можел да ја загуби и титулата во ВБО доколку Украинецот не се бори против Џозеф Паркер.

Таа организација му даде рок на 38-годишникот од 30 дена да договори меч против Новозеланѓанецот, во спротивно Усик ќе остане „само“ со титулите ВБА и ВБЦ.

Во мај минатата година, Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во ерата на „четирите појаси“, а најпрво го загуби појасот на ИБФ поради реваншот со една година помладиот Британец Тајсон Фјури  во декември.

Се вчитува...