Видео: Ја видовте ли лудата тројка на Јокиќ преку Адетокумбо?

Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо имаа епски дуел во Белград на квалификацискиот меч за СП 2023, меч на кој по продолжение Србија успеа да слави и да си ги задржи шансите за мундијалски билет.

Адетокумбо беше директно задолжен за чување на Јокиќ, но српскиот ас во неколку ситуации покажа зошто е актуелен МВП на НБА-лигата, делејќи му лекции на најдобриот грчки кошаркар.

Една од нив беше и оваа луда тројка, кога Јокиќ во четвртата четвртина погоди од вртење на една нога, од самиот агол на теренот, за тотална еуфорија во „Арена“.

Се вчитува...