Започнува јубилејната 30. сезона во македонската кошарка

Со два натпревари во Скопје и еден во Кавадарци денеска започнува јубилејната 30. сезона во македонската кошарка. Во неа бранителот на двојната круна е МЗТ Скопје, а два клуба, Феникс 2010 и Ангели дебитираат на големата сцена.

Како и претходната сезона Првата лига ќе брои 12. клуба (МЗТ Скопје, Еуро Никел, Работнички, Пелистер, Куманово, Академија ФМП, ТФТ, Гостивар, Кожув, МЗТ Скопје 2, Феникс 2010 и Ангели) од кои по регуларните 20. кола, шест тима ќе разигруваат во Суперлигата, а останатите шест во плеј-аутот.

Првенството започнува денеска во СЦ „Јане Сандански“ каде од 14 часот новалијата Феникс 2010 ќе се сретне со Академија ФМП. Овие два тима во претсезоната учествуваа на меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски, но не се сретнаа на истиот па ќе биде интересно да го проследиме нивниот прв меѓусебен дуел во Првата лига.

На истото место од 16 часот и 30 минути ќе се сретнат МЗТ Скопје 2 и Работнички. Натпреварите помеѓу „сино-белите“ и „црвено-белите“ претходанта сезона беа доста возбудливи, а оваа сезона се очекува да бидат уште поизедначени со оглед на подмладувањето во редовите на Работнички.

Првиот ден од новата сезона ќе биде комплетиран со натпреварот во „Јасмин“ каде од 18 часот вицешампионот Еуро Никел ќе го угости Гостивар. Натпреварите на „сино-белите“ никогаш не разочаруваат па се надеваме дека ќе биде така и денеска.

За утре, недела, не очекува и големото дерби помеѓу двата најголеми претенденти за титулата на домашната сцена и клубовите кои ќе бидат претставници на Македонија во АБА2 лигата, Пелистер и МЗТ Скопје.

А, првото коло од Првата лига ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите помеѓу Кожув и ТФТ, односно Куманово и Ангели.

Се вчитува...