Зинедин Зидан одбил договор од 120 милиони евра

Преминот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија не ги пивлече и останатите елитни фудбалери и тренери да зачекорат во фудбалот во земјата од Блискиот Исток. Лука Модриќ веќе одби голем договор со цел да остане во европскиот фубал, а тоа го направил и Зинедин Зидан, откриваат шпанските медиуми.

Поранешниот фудбалски ас кој во тренерската кариера забележа голем успех со Реал Мадрид бил мета на клубот на Роналдо, Ал-Наср како замена за Руди Гарсија кој доби отказ на седум кола пред крајот на првенството, но Французонот ја одбил пребогатата понуда.

Истата се споменува дека била со вредност од 120 милиони евра, односно 60 милиони евра по сезоната, но 50-годишникот за разлика од португалскиот ас не тргнал по парите. Неговото место го завзема Хрватот Динко Јеличиќ.

Се вчитува...