Работнички го обработи полето на стадионот „Трактор“ во Минск (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Трактор“ во Минск, каде утре, со почеток во 17 часот, ќе го играат реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. По првиот меч „романтичарите“ извлекоа 1-1, откако Белорусите први поведоа, а Бојан Најденов донесе реми со удар од белата точка во последните моменти од натпреварот.

rabotnicki trening minsk 1

Во пресрет на овој дуел, капитенот Душко Трајчевски најави дека Работнички има сили да го елиминира Динамо Минск, но ќе треба да одигра подобро отколку на првиот меч во Скопје, и да се обиде прв да постигне погодок.

Се вчитува...