Удар за Уругвај: Кавани го пропушта четвртфиналето со Франција

Уругвај ќе биде значително ослабен на четвртфиналниот дуел со Франција откако беше обелоденето дека Единсон Кавани нема да може да му помогне на својот национален тим во битката за место во полуфиналето.

Кавани постигна два гола во осминафиналниот натпревар против Португалија, но потоа заработи незгодна повреда на мускулот поради која мораше да биде заменет. Јужноамериканските медиуми тврдат дека повредата е многу слична на онаа на Хамес Родригез, а шансите за настап на Кавани в петок против Франција се еднакви на нула. Тој го пропушти и денешниот тренинг на Уругвајците, селекторот Табарез нема конкретна најава кога повторно би го имал асот на ПСЖ на располагање, но јасно е дека четвртфиналето е недостижно за Кавани.

Се очекува неговото место крај Луис Суарез во нападот на Уругвај да го заземе Кристијан Стуани од шпанскиот прволигаш Џирона.

Се вчитува...