Пелистер го декласираше Вардар за втора победа сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелистер стигна до втората победа сезонава откако на гостински терен го декласираше Вардар со 71-95.

Битолчани фуриозно, особено во фазата на напад уште во првото полувреме ги разрешија дилемите околу победникот на мечот, добивајќи го првиот дел од играта со плус дваесет и шест поени (29-55).

Во второто полувреме рутински го приведоа мечот до крајот за конечна победа од 71-95.

Најефикасен во победата на „пелистерци“ беше Враниќ со 21 постигнат поен, а 18 поени запиша Мекиќ. Одличен беше и Казарновски со 13 поени, 12 скока и седум асистенции.

 

Се вчитува...