Во САД изгоре музејот на легендарниот Мухамед Али

Центарот Мухамед Али, музеј посветен на најголемиот боксер на сите времиња, е сериозно оштетен во пожар што се случи во американскиот град Луисвил.

Направена е голема штета, но за среќа ниту еден од артефактите од кариерата на легендарниот боксер не е оштетен. Пожарот избувнал во соседната гаража, кој набрзо се проширил и во самиот музеј.

– Системот за вентилација што се користи во зградата е значително оштетен. Дополнително, дел од чадот од пожарот навлегол во зградата. Поради тоа, за жал, Центарот ќе биде затворен за јавноста извесно време – се вели во соопштението на музејот.

Инаку, станува збор за шесткатница од речиси 100.000 метри квадратни. Мисијата на музејот е да го мобилизира наследството на легендарниот Али за да инспирира почит, да инспирира генерации активисти и да ја унапреди социјалната правда.

Се вчитува...