Бензема промаши пенал, Ал Хилал го елиминираше Ал Итихад од Арапскиот куп

Фудбалерите на Ал Хилал се пласираа во полуфиналето на арапскиот куп откако вечерва беа подобри од Ал Итихад со 3-1.

Сергеј Милинковиќ Савиќ во 14. минута донесе водство за Ал Хилал од 0-1. До крајот на првиот дел беше 0-2 со погодокот на Ал Давсари од пенал.

Во вториот дел Ал Итихад намали преку Ромарињо на 1-2 во 56. минута, а клучниот момент во мечот се случи во 79. минута кога Бензема не реализираше пенал. Девет минути порано Ал Хилал зголеми на 1-3 преку Малком.

Се вчитува...