Хрватска со крајни маки до триумф над Естонија, Полска преку Израел се врати на победите

Кошаркарската репрезентација на Хрватска потешко од очекувањата ја совлада селекцијата на Естонија со 73-70.

„Коцкестите“ единствена посериозна предност направија во првиот период (20-16), додека во вториот период имаа изедначен резултат (13-13), а само еден поен обезбедија во претпоследниот период (20-19).

Овој дуел можеше да има поинаков тек во финишот, имајќи предвид дека Естонците пропуштија прилика за анулирање на минималната негатива.

Хрватска по овој дуел ја запиша својата втора победа на Евробаскетот. Најефикасниот играч доаѓа од редовите на Естонија во името на Сиим-Сандер Вене кој реализираше 18 поени, во Хрватска со 17 поени доминираше Карло Матковиќ.

Претходно Полска беше подобра од Израел со 85-76, триумф со кој се вратија на победите.

Полјаците речиси во целиот меч имаа ја имаа контролата над играта, а победата ја запечатија во последниот период.

Слаугтер со 24 поени се истакна кај Полска, додека кај Израел доминираше Јовел Зоосман со 18 поени.

Се вчитува...