Наследникот на Хабиб го нокаутираше Оливеира во борбата на годината (ВИДЕО)

Рускиот борец Ислам Махачев го совлада Бразилецот, Чарлс Оливеира во главната борба на УФЦ 280.

На тој начин тој го освои појасот во лесна категорија пред 18.000 гледачи во „Етихад арената“ во Абу Даби. Таа титулата до заминувањето во пензија беше во сопственост на неговиот сонародник Хабиб Нурмагомедов кој му го предаде појасот по мечот.

Махачев стигна до 11 победа во низа, а Оливеира и вторпат не успеа да стигне до појасот. Во втората рунда Оливеира се најде на земјата по неколку удари на Русинот по што следеше давење, а судиите ја прекинаа борбата.

 

Се вчитува...