Нема да има продолженија во Суперкупот на Европа

Како што пренесува шпанскиот „Мундо Депортиво“, Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги променила пропозициите за натпреварот од Суперкупот.

Во Суперкупот на УЕФА на 16. август во Атина ќе се сретнат освојувачот на Лигата на шампионите Манчестер сити и освојувачот на Лигата на Европа Севилја.

Манчестер сити за прв пат во историјата ја освои Лигата на шампионите, а Севилја постави рекорд во Лига Европа кога во финалето ја совлада Рома по подоброто изведување пенали. Ова беше седми трофеј за Севилја во второто најмоќно натпреварување на УЕФА.

„Мундо Депортиво“  пренесува дека УЕФА ги сменила пропозициите за натпреварот од Суперкупот, кој досега се играше по општи правила – па ако резултатот беше изедначен по 90 минути, се играше продолженија, а дури потоа ако имаше потреба, беа изведуване пенали.

Годинава, ако му се верува на шпанскиот весник, тоа нема да биде така бидејќи во случај на реми по 90 минути, веднаш ќе се изведуваат пенал.

Се вчитува...