Статистика: Јанис, Нуркиќ, Везенков… најдобрите во групната фаза од Евробаскет 2022

Се е подготвено за шоу во Берлин и почеток на нокаут фазата од Евробаскет 2022 со утрешниот пладневен дуел меѓу Франција и Турција. Групната фаза донесе извонредна кошарка и бројни неизвесни натпревари, а нејзиното завршување е одлична можност и за статистички осврт на направеното.

Јанис Адетокумбо е најдобар стрелец во досегашниот дел од ова ЕП, грчкиот ас во просек постигнуваше 29,5 поени по натпревар, бројки што сигурно ќе беа уште повисоки ако не заработеше повреда поради која не настапи во второто полувреме од вчерашниот меч со Естонија. Зад Адетокумбо се наоѓа Саша Везенков од Бугарија со 26,8 поени по натпревар, додека Лука Дончиќ е „само трет“ со 26,6 поени, пред Марканен од Финска (24,8) и Муса од БуХ (21,4 поени по натпревар).

Интересно, кога станува збор за скоковите на врвот на листата е Саша Везенков со просек од 12,2 по натпревар, пред Валанчиунас со 11,4, Грузиецот Мамукелашвили со 11, потоа Никола Јокиќ со 10,5 и Руди Гобер со девет скокови по натпревар.

Томаш Саторански од Чешка е најдобар асистент во групната фаза со девет додавање по натпревар, пред Ди Бост од Бугарија со 8,4, Кендрик Пери од Црна Гора и Василије Мициќ од Србија со по  7,4 асистенции и Томас Ертел од Франција со 7,2 асистенции по натпревар.

Кога станува збор за украдените топки, на врвот на листата се Кендрик Пери и Французинот Тарпеј со 2,2 по натпревар, пред Јокиќ, Папаниколау и Украинецот Михајљук, кои имаат по две укадени топки на меч.

Јусуф Нуркиќ е најдобар блокер во групната фаза од Евробаскет 2022 со по две блокади на натпревар. Зад центарот на БиХ се најдоа Хрватот Зубац со 1,6 блокади, Словенецот Тоби со 1,5 и Грузијците Шермадини (1,4) и Битадзе (1,3 блокади по натпревар).

Се вчитува...