Англискиот рагбист Били Вунипола е уапсен на Мајорка, а полицијата морала да употреби eлектро-шокер како би го совладала.
Инцидентот се случил во неделата рано наутро во паб во Мајорка. Неговиот тим објави соопштение во кое се вели дека клубот бил свесен за инцидентот во кој бил вмешан 31-годишниот Вунипола.
На видеото објавено од шпанската веб-страница „Ултима Хор“а се гледа како Вунипол го вадат од полициско комбе и влегува во судница. Веб-страницата соопшти дека тоа се случило во неделата.
Вунипола е репрезентативец на Англија од 2013 година, а со репрезентацијата учествуваше на три светски првенства (2015, 2019 и 2023 година).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА