Вечното ривалство на Коле и Скариоло: Французинот никогаш не го надмудрил Скариоло на големите натпреварувања!

Во Берлин вечерва од 20:30 часот се игра големото финалето на Евробаскетот меѓу Франција и Шпанија. Вистински спектакл во пресметката на меѓу себе добро познатите стари ривали.

Ќе биде тоа и мега-дуел на Серџо Скариоло од една и Винсен Коле од друга страна, кои ќе ги предводат своите тимови во битката за европскиот трофеј.

Иако Шпанија имаше, барем на хартија, еден од најслабите тимови во истоијата, дојде до последната битка за златото. Од друга страна Франција беше и тоа како ранлива низ првенството, но ете ја во финалето.

Ќе биде тоа дуел на двајца селектори кои вкупно имаат 13 медали со своите национални тимови на големите натпреварувања. Ова ќе биде за нив 14. и 15. одликување со тоа што Скариоло сепак е малку поуспешен од својот колега на клупата на Франција.

Се вчитува...