Ништо од Вујовиќ, Босна и Херцеговина на крајот се одлучи за Ивица Обрван

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија, Ивица Обрван е назначен за нов селектор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. Меѓу кандидатите за нов селектор на БиХ покрај обрван беа и Ирфан Смаилагиќ и Веселин Вујовиќ кој според денешните информации беше претставен и како прв фаворит за преземање на позицијата.

Сепак, на крајот по состанокот кој го имаше Управниот одбор на Ракометната федерација на Босна и Херцеговина, беше донесена одлука Ивица Обрван да биде нов селектор на репрезентацијата.

Обрван беше на чело на ракометната репрезентација на Македонија во периодот од 2013 до 2016 година и ги предводеше „црвено-жолтите“ на Европските првенства во Данска 2014 и Полска 2016, како и Светското првенство во Катар 2015 година.

Се вчитува...