Нови детали: Самоубиството било случајно, Колцов бил пијан кога паднал од 23. кат

Трагичната смрт на момчето на Арина Сабаленка, поранешниот белоруски хокеар Константин Колцов била случајна откако тој загубил контрола и паднал од високиот балкон од собата на 23. кат каде што бил сместен во ексклузивниот хотел во Мајами.

Полицијата уште вчера објави дека станува збор за самоубиство без било каков доказ дека може да стане за убиство од друго лице, а денеска пристигнуваат нови информации. Извори блиски до истрагата обелоденуваат дека Колцов речиси сигурно бил пијан, бидејќи во собата каде што се наоѓал биле пронајдени неколку испразнети шишиња од различни видови на алкохол. Покрај тоа, во собата немало проштално писмо, што би значело дека поранешниот хокеар со намера скокнал од балконот.

Тоа во изјава го потврди и поранешната сопруга на Колцов, Јулија Михајлова, говорејќи за белорускиот портал „Зеркало“.

„Од она што ми беше соопштено, изгледа дека тој бил многу пијан, нешто што не е невообичаено за поранешни играчи на хокеј. Не беше најдена ниту проштална порака, по што полицијата смета дека е случајно самоубиство, односно дека загубил контрола и паднал од балконот. Она што можам да го кажам е дека тој не размислуваше за самоубиство, беше позитивно расположен. Му ја имам лозинката од емејлот и ја проверив веднаш по страшната вест, Константин веќе имал резервирано неколку хотели за наредните месеци, имаше и потврда за изнајмување на автомобил на подолго време. Ако навистина е самоубиство, тогаш дефинитивно е случајно“, изјави Јулија, која има три деца со Колцов пред тој во 2021 година да го прекине бракот и да почне врска со тенисерката Арина Сабаленка.

Се вчитува...