Пешиќ: Сите заедно се молиме за Бориша Симаниќ

Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ остана без бубрег по повредата која ја заработи на Светското првенство кога неговата Србија се сретна со Јужен Судан. Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда доби незгоден удар од страна на поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Нуни Омот по кој заврши на операција каде и покрај првичните информации дека операцијата била успешна, работите се закомпликуваа па мораше да помине низ уште еден хируршки зафат.

За Бориша Симаниќ говореше и селекторот на нашиот северен сосед, Светислав Пешиќ кој изјави дека целиот тим е загрижен и се моли што поскоро да ја надмине ситуацијата.

„Тоа е една многу компликувана ситуација која сакале или не, не окупира сите нас. Сите сме загрижени и не можеме да веруваме што настана од речиси ништо. Тешка е ситуацијата, но што ни останува друго освен да му посакаме што поскоро да излезе од оваа криза. Од нас ја има целата поддршка.

Имаме дополнителна мотивација да, но многу не оптеретува ситуацијата. Бориша е омилен дечко во нашиот тим. Целиот тим збориме за тоа, но тоа е тоа. Како и во животот на некои работи можеме да влијаеме, на некои не. Можеме само да чекаме и да се молиме на Бог“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...