Швајцарската скијачка Лара Гут доживеа сериозна повреда на тренинг пред настапот во комбинација на Светското првенство во Сент Мориц. За неа сезоната е завршена, откако лекарските прегледи покажаа дека ги скинала лигаментите и има сериозно оштетување на менискусот на левото колено.
Лара Гут беше една од главните фаворитки за медал и миленичка на домашната публика, но имаше непријатен пад на тренингот во слалом, по што веднаш со хеликоптер беше пренесена во најблиската клиника. Сепак, констатирано е дека повредата е сериозна и дека ќе мора да и биде извршена операција. Сезоната за неа е дефинитивно завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА