Ал Ахли царува со Африка: 11 трофеј во Лигата на Шампиони

Ал Ахли е освојувачот на африканската Лига на Шампиони откако во вториот натпревар од финалната серија против Вудад ремизираше на гостински терен со 1-1 со што за шампионскиот трофеј пресуди победата од 2-1 во првиот натпревар одигран во Египет.

Денешниот натпревар го отвори Атијат Алах со гол во 27. минута, а предноста од 1-0 остана на семафорот се до 78. минута кога мрежата за гостите ја затресе Абделмонем.

 

Со тоа египетскиот тим стигна до 11. титула во престижното натпреварување и воедно го врати трофејот во своите витрини откако претходната сезона заврши во редовите на Видад.

Се вчитува...