УО на ФФМ: Силна поддршка на проектите за фудбал во училиштата

На денешната своја редовна седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при ФФМ.

Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.

Фудбалската федерација на Македонија во иднина ќе продолжи и со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.

Донесена е и одлука Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.

Се вчитува...