Јапонките преку Норвешка до мундијалско четвртфинале

Женската фудбалска репрезентација на Јапонија е вториот четвртфиналист на Светското првенство кое се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Јапонките во денешното осмианфинале беа подобри од Норвешка со 3-1. Јапонија поведе со 1-0 со автоголот на Енген во 15. минута. До крајот на првиот дел Норвежанките израмнија на 1-1 преку Рејтен во 20. минута.

Во второто полувреме ново водство за Јапонките (2-1) донесе Шимизу во 50. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Мијазава во 81. минута.

Japan W [3] – 1 Norway W – Hinata Miyazawa 81′
by u/Big-Holiday-339 in soccer

Се вчитува...