Нов хаос во Турција: Фенер остана без победа по пенал во 94. минута

Во следните 24 часа можеме да очекуваме ново бурно соопштение од ФЕнербахче откако турскиот гигант ремизираше 2-2 на гостувањето против Сиваспор, и тоа со примен гол од пенал во 94. минута од натпреварот. Со тоа, Фенербахче загуби уште два бода во трката за титулата и сега заостанува четири бода зад Галатасарај, на пет кола до крајот.

Фред со еврогол го донесе Фенер во водство во последните секунди од првото полувреме, но Сиваспор успеа да постигне гол за израмнување. Изненадувачки гостинскиот тренер при 1-1 ги повлече од игра Тадиќ и Џеко, но Фенербахче стигна до ново водство преку Кавечи.

И кога се очекуваше гостите рутински да ја сочуваат предноста, во финишот еден домашен напаѓач се најде зад одбраната, шутираше и промаши, но по ударот беше фаулиран од голманот Ливаковиќ. Главниот судија најпрвин покажа гол-аут, но откако беше повикан од ВАР-собата ја смени својата одлука и покажа на белата точка, по што Сиваспор израмни на 2-2.

Погледнете ја спорната ситуација, која сигурно ќе биде главна тема во фудбалска Турција во текот на утрешниот ден…

Се вчитува...