Роџерс по тешката повредата: Ноќта е најтемна пред зората

Првата ѕвезда на НФЛ франшизта на Нујорк Џетс, Арон Роџерс заработи повреда на Ахиловата тетива веќе во првиот напад на отворањето на сезоната против Бафало Бил и повеќе не можеше да го продолжи мечот, а по констатираното кинење на лигаментите, познато е дека за него сезоната е завршена.

По тој повод зборуваше и самиот Арон Роџерс кој изјави дека ќе се врати посилен…

„Моето срце е скршено и многу сум емотивен во моментов. Навистина сум погоден од пораките и љубовта што ми ја испраќаат сите. Молете се за мене додека закрепнувам и знајте дека ноќта е најтемна пред зори“, напиша Роџерс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aaron Rodgers (@aaronrodgers12)

Се вчитува...