Сидорф: Не знам дали е до расизмот, но има малку тренери со темна кожа во светот

Кларенс Сидорф изјави дека жали што не добил барем уште една можност да биде тренер на италијански клуб.

Во 2014 година Холанѓанецот мина само четири месеци на клупата на Милан, а потоа работеше како тренер во Шенжен, Депортиво Ла Коруња и во репрезентацијата на Камерун.

„Се прашував зошто не добив втора шанса во Италија. Моите две деца се родени во Италија. Мислам дека тоа не е расистичка земја. Има расисти, но Италија не е расистичка земја. Сепак, тешко ми е да сфатам дека оние кои го водеа Милан по мене многу брзо презедоа други екипи, а јас не добив никаква понуда“, изјави Сидорф.

Седорф истакна дека вистинската понуда дошла од Кина.

„Знаеја да ми кажат дека не сакаат да ме навредат со понудата. Направете ми понуда, па јас ќе одлучам дали ќе ме навреди. Не е само во Италија, има малку тренери со темна кожа низ целиот свет. Првата вистинска понуда ми дојде од Кина и ја прифатив затоа што сакам да патувам и затоа што секој проект ми е важен. Фудбалот е одраз на општеството. Мојата мисија во животот е да создадам еднаквост и вклученост. Тоа треба да биде силата на општеството“, заклучи Сидорф.

Се вчитува...