Вили Хернангомез е МВП на Евробаскетот, избрана „чудна“ најдобра петорка

Шпанија повеќе од заслужено е нов европски кошаркарски шампион, сега обединувајќи ги двете најважни титули со онаа од Светското првенство 2019 година.

Во финалето Шпанците славеа против Франција со 88-76, а за најдобар кошаркар на финалето беше прогласен Хуанчо Хернангомез кој постигна 26 поени.

По завршувањето на финалниот натпревар избрана е и најдобрата петорка на шампионатот како МВП на првенството. Во најдобрата петорка се најдоа Гркот Јанис Адедукомбо, Французинот Руди Гобер, Шпанецот Лоренцо Браун, Германецот Денис Шрудер како и Шпанецот Вили Хернангомез.

Токму кошаркарот на НБА-лигашот, Њу Орлеанс, Вили Хернангомез, кој феноменално го одигра целиот турнир, сосема заслужено ја понесе титулата – МВП на Европското првенство.

Но, се чини незаслужено во најдобрата петорка, пак имаше место за Гркот Јанис кој испадна уште во четвртфиналето, но и за Французинот Гобер кој одигра лош турнир за своите стандарди, што наиде и веднаш на негодување.

Се вчитува...