Неста со совет: Еве како се чува Халанд, тој не е толку страшен како што беше Бразилецот Роналдо

Легендарниот италијански дефанзивец Алесандро Неста смета дека Ерлинг Халанд е врвен напаѓач, но со квалитетот е далеку зад Бразилецот Роналдо.

Италијанецот во едно интервју беше прашан дали кога беше во топ-форма би го запрел Халанд, по што следеше интересен одговор.

„Секако дека би го запрел. Халанд е одличен, но Бразилецот Роналдо, тој беше едно сосема поинакво ниво од сите други. Во кариерата имав можност да играм против сите, против Меси и Кристијано, но тврдам дека не постоеше подобар напаѓач од Бразилецот Роналдо“, истакна Неста.

Потоа, поранешниот одбранбен фудбалер даде совет како може да биде запрен Ерлинг Халанд.

„Жестоко би го напаѓал, цело време би бил во контакт со него. Кога ќе ја прими топката, веднаш мора да му се направи фаул, да не му седозволи да се сврти. Затоа што ако се сврти и види простор пред себе, тогаш се е готово“, прокоментира Алесандро Неста.

Се вчитува...