Полуд човек немате видено: Селекторот на Италија му се фрли во прегратки на Јанис (ВИДЕО)

Џанмарко Поцеко дефинитивно е најлудиот човек на Европското првенство во Берлин. Селекторот на Италија беше во транс по огромната победа над фаворитот за златниот медал, Србија во осминафиналето па во салата му скокна во прегратки на Јанис Адетокумпо.

Среќавајќи го „грчкиот фрик“, Поцеко не издржа да не се поздрави, правејќи го тоа на начинот на кој нему најмногу му прилега.

Се вчитува...