Франција со Виктор Венбенјама ќе го напаѓа златото на ЛОИ 2024

Зад француската кошаркарска репрезентација е голем неуспех на Светското првенство кое оваа година се одржа во Филипини, Јапонија и Индонезија. „Триколорите“ влегоа на собирот на најдобрите репрезентации како фаворити за највисок пласман, но мораа да се задоволат со само 18. место откако претрпеа убедливи порази уште во групната фаза.

Сепак селекторот Венсант Коле доби добри вест за веќе престојното големо натпреварување – Летните олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз. На домашно тло Французите ќе можат да сметаат на услугите на „чудото од дете“, Виктор Венбенјама. Првиот пик на овогодинешниот драфт официјално го потврди настапот за француската репрезентација.

„Успех на Олимписките игри ќе бидат фантастична приказна. Нема да има друга цел освен злато. Нормално дека ќе ја претставувам Франција во Париз.

Го гледав Светското првенство и мора да се каже дека доживеавме голем неуспех. Но, не сум загрижен. Не осудувам, не бев дел од тимот кој имаше врвни кошаркари. Настапот на Светското првенство нема да ми ја намали желбата за успех во Париз следната година“, изјави „џинот“ на Сан Антонио.

Се вчитува...