Итудис не е повеќе селектор на Грција

Димитрис Итудис поднесе оставка од функцијата селектор на кошаркарската репрезентација на Грција, една година пред истекот на договорот. Итудис, кој моментално го води и тимот на Фенербахче, му се поклопува распоредот на претквлаификацискиот олимписки турнир со натпреварите во Евролигата.

Нашиот јужен сосед на завршениот Мундобаскет испаднаа во втората фаза, и не се пласираа во 1/4 финалето.

Грците не можеа да сметаат на Јанис Адетокумбо, Костас Слукас и Ник Калатес, и настапија ослабени на овој турнир.

Се вчитува...