Костарика совладана од Панама на „Голд купот“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Панама славеше со 2-1 над Костарика во првото коло од Ц групата на првенството на Северна и Централна Америка и Карибите „Голд куп“ кој се игра во Соединетите Американски Држави.

Водство за Панама од 0-1 донесе Фахардо во 23. минута. 0-2 за Панама беше во 68. минута кога стрелаше Барценас, додека Костарика до крајот само постигна почесен погодок (1-2) преку Суарез во 91. минута.

Во вториот натпревар од Ц сегментот на „Голд купот“, Мартиник беше подобар од Ел Салвадор исто така со 1-2.

 

Costa Rica 0 – [2] Panama – Yoel Barcenas (assist Michael Murillo) – 68′
by u/apafeparis15aa in soccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...