Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, во последниот период се поврзуваше со трансфер во неколку екипи, а Аргентинецот се уште го нема продолжено договорот со тимот од „Камп ноу“. Неговиот договор истекува во јуни, наредната година, а Меси најави дека ќе остане во Барселона, додека клубот го сака во своите редови.
„Барселона ми даде се во животот и ќе останам тука, додека клубот ме сака. Многу ми беше тешко кога ја напуштав Аргентина, но кога дојдов многу ми помогна Цеск Фабрегас и јас се уште сум близок пријател со него. Тоа беше најдобрата одлука во мојот живот и голем предизвик“ – истакна Меси.
Тој за првиот тим на Барселона одигра на вкупно 555 натпревари и постигна 480 погодоци во сите натпреварувања. Со тимот од „Камп ноу“ освои 29 титули во сите конкуренции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА