Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ постигна неверојатен гол во победата од 2-1 на неговата Севилја против Кристал Палас на пријателскиот натпревар во САД како дел од подготовките во пресрет новата сезона.
Пред самиот крај на првото полувреме Ракитиќ одлично се снајде по одбиената топка во шестнаесетникот и со волеј ја затресе противничката мрежа. Голманот Џонстон не можеше ни да се помести од место, а не да се надева на одбрана на неверојатниот обид на Хрватот.
Qué barbaridad, hijo. 🚀⚽️ pic.twitter.com/lDdp5Ikr5x
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) July 31, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА