Нов натпревар и нов гол на Меси за Интер Мајами

Лео Меси ја продолжи одличната голгетерска форма во дресот на Интер Мајами стрелајќи во четвртфиналната победа од 4-0 против Шарлот во Лига Купот во кој се натпреваруваат екипи од Соединетите американски држави и Мексико.

Аргентинскиот ас го постави конечниот резултат со гол во 86. минута откако претходно мрежата ја тресеа Мартинез и Тајлер, а Маланда постигна автогол.

За Меси тоа е осми гол на пет одиграни средби во дресот на клубот од Флорида.

Се вчитува...