Поради брутален нокаут му се заканува доживотна забрана во спортот (ВИДЕО)

Боксерскиот меч во Пукет, Тајланд помеѓу Русинот Идрис Абдурашидов и Иранецот Багхер Фарај заврши со брутален нокаут на Абдурашидов поради кој му се заканува забрана за настап во овој спорт.

Талентираниот 21-годишен Русин е ММА борец, но овој пат се натпреваруваше во бокс каде што удар со нозете е забранет. Тој го искористи токму ова „оружје“ во неговиот „арсенал“ да приреди крај на пеколната борба која траеше четири рунди па доби дисквалификација. Лутите фанови бараат тој да добие и доживотна забрана што е и опција.

Тоа не го спречи Абдурашидов да го објави видеото на социјалните мрежи каде порача „Дебитирав во професионалниот бокс и добив доживотна суспензија. По автоматизан го удрив со нога“.

Се вчитува...