Билиќ: Имаме проблем, Паје не сака да игра за Вест Хем

Иднината на Димитри Паје во Вест Хем е сериозно доведена во прашање, откако менаџерот Славен Билиќ јавно откри дека Французинот веќе не сака да игра во дресот на Вест Хем. Тој сака да замине во поголем клуб со шампионски амбиции, што го примора раководството на „чеканите“ да ја одреди цената за која ќе му дозволи на Паје да направи трансфер.

„Имаме проблем, и тоа голем. Димитри Паје не сака веќе да игра за Вест Хем. Го известив и претседателот и можам да кажам дека не се работи само за пари. Му понудивме и нов договор и поголема плата, но тој едноставно не сака веќе да игра за Вест Хем. Се почна со стартот на зимскиот преоден рок, и навистина сум лут“, изјави Славен Билиќ.

Засега за искусниот играч за врска има најголем интерес од Манчестер јунајтед, а Жозе Мурињо ќе може да го добие доколку раководството одвои најмалку 35 милиони фунти колку што е неговата цена во моментов. Вест Хем со намера постави висока цена за Паје за да не мора да го пушти без борба.

Постои интерес и од страна на Олимпик Марсеј кој повторно сака да го врати францускиот репрезентативец во своите редови.

Се вчитува...