Бразилскиот фудбал доби две познати имиња: Диего Коста во Ботафого, Паје во Васко де Гама

Поранешниот напаѓач на Челси и на Атлетико Мадрид, Диего Коста потпиша за Ботафого, водечкиот клуб во бразилскиот шампионат. Коста беше слободен играч откако го напушти тимот на Вулверхемптон и потпиша четиримесечен договор со Богафого.

Во моментов првопласираниот тим на табелата доминира со пбразилското првенство со 14 победи од 18 натпревари.

Уште едно познато име заминува во бразилскиот фудбал. Димитри Паје, легендата на Олимпик Марсеј ќе стане нов играч на Васко де Гама. Паје ги одби понудите од Франција од почит кон Марсеј, и оди во бразилскиот тим за кој ќе потпише до 2025 година.

Се вчитува...