Французинот Патрис Евра би можел во јануарскиот преоден рок да се врати во Лига 1. Долго се спомнува заминување на Евра од Јувентус, а како прва дестинација се потенцираше шпанска Валенсија.
Но, се чини, сепак, поизвесната варијанта за Евра е враќање во Лига 1, и тоа во екипата на Лион.
Претходно се спомнуваше дека за неговите услуги се заинтересирани Кристал Палас и некои екипи од Кина, но самиот Евра вели дека нема шанси да замине на Далечниот Исток. Договорот на Евра со Јувентус завршува во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА