Лудило во Јужна Америка: Инциденти по мечот на „Ла Бомбиниера“ (ВИДЕО)

Бока јуниорс и Сантош одиграа натпревар без голови во првиот полуфинален меч од Копа Либертадорес.

Мечот на „Ла Бомбониера“ не донесе голови и возбудувања, но затоа по натпреварот не беа избегнати инцидентите. Експедицијата на гостите по враќањето во хотел имаше непријатно „изненадување“. Автобусот беше каменуван, но за среќа без повредени.

 

На крајот гостите успеаја мирно да заминат од Буенос Аирес, па на реваншот на свој терен за седум дена ќе се обидат да се изборат за финале во Копа Либертадорес.

Во финалето веќе со една нога е Палмеирас кој ја прегази Ривер Плата на првиот полуфинален меч победувајќи на гостински терен со 0-3.

Се вчитува...