Најскапот трансфер во историјата на женскиот фудбал чини 460 илјади евра (ФОТО)

Кира Волш стана најскапата фудбалерка во историјата на женскиот фудбал откако реализираше трансфер од Манчестер Сити во Барселона за 460 илјади евра. Претходниот рекорд го држеше Пернил Хардер за која Челси пред две години плати околу 290 илјади евра.

Дваесетипетгодишнат Волш оваа година го освои Европско првенство со Англија, каде беше прогласена за играч на натпреварот во финалето против Германија, а со тоа го примами интересот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...