Премиерлигашот Евертон, денеска го официјализираше трансферот на довчерашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Морган Шнидерлин. Преговорите помеѓу двата клуба траеја подолг период, за конечно да се стави крај на сагата, и Шнидерлин потпиша четиригодишен договор, до јуни, 2021 година. Играчот е задоволен од завршениот трансфер и со нетрпение го очекува своето деби за новиот клуб…
„Евертон е клуб со голема историја во англискиот фудбал. Отсекогаш сум се воодушевувал на атмосферата што ја прават навивачите на овој стадион. Со нетрпение го очекувам своето деби за новиот тим. Роналд Куман е стратег кој може да го извлече најдоброто од тебе и верувам дека ќе уживам“ – истакна Шнидерлин.
Неговата откупна клаузула сега изнесува 22 милиони евра, која може да се зголеми за четири милиони евра, поради разни бонуси. Евертон после 20 одиграни натпревари, се наоѓа на седмата позиција на табелата, со 30 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА