Шок за Словенија: Заврши Евробаскетот за Драгиќ

Словенската кошаркарска репрезентација нема да може да смета на услугите на Зоран Драгиќ во обидот за одбрана на златниот медал на континенталниот собир. Словенецот се повреди на натпреварот против Беглија, а по деталните медицински прегледи се утврди дека станува збор за повреда на бутниот мускул која ќе го оддалечи од паркетот од шест до осум недели.

Крајот на Евробаскетот го потврди и самиот Зоран Драгиќ кој изјави дека нема да може да им помогне на соиграчите на теренот, но ќе дава поддршка од клупата.

„Очигледно не ми е судено да и помогнам на репрезентацијата во одлучните натпревари во Евробаскетот. Ќе им помогнам на соиграчите од клупата, гласно ќе ги бодрам и на тој начин ќе им дадам позитивна енергија кој ќе ни биде потребна во следните денови. Верувам дека момците ќе го остават срцето на терен и на крајот заедно ќе се радуваме на добар резултат кој сите го посакуваме“, изјави Драгиќ.

Словенија во четвртфиналето за противник ќе ја има Полска.

Се вчитува...